Трамп му се заканува на Иран: „Отворете го проклетиот Хормуз, вие луди гадови"

06.04.2026
Трамп објави дека американските сили го спасиле тешко ранетиот пилот на F-15 од Иран, а потоа објави нова порака со закани кон Иран.

Трамп објави дека американските сили го спасиле тешко ранетиот пилот на F-15 од Иран, што била операција со исклучителна храброст и ризик. Набргу потоа објави нова порака во која повторно му се закани на Иран.

„Отворете го проклетиот теснец, вие луди гадови, или ќе живеете во пекол — само гледајте", напиша Трамп и додаде на крајот „слава на Алах".